Милијардерот го охрабрува човештвото: Роботите никогаш нема да можат да ги победат човечките суштества, еве и зошто

gek-ma.jpg

Креативноста секогаш ќе им дава на луѓето предност пред машините, им рекол основачот на “Alibaba”, Џек Ма, на студентите на Универзитетот во Тел Авив.

Ма престојувал во Израел за да прими почесен докторат и да ги истражи деловните прилики за “Alibaba Group”, една од најголемите корпорации во светот. Во четвртокот примил почесен докторат на Универзитетот во Тел Авив, и притоа одржал говор.

Во наредните 30 години, роботите и компјутерите ќе преземат голем дел од работата која моментално ја прават луѓето, но тоа не значи пропаст, рекол тој.

“Не грижете се, машините никогаш нема да ги победат луѓето”, рекол Ма, додавајќи дека луѓето имаат срца, а машините имаат само чипови.

“Компјутерите се сеќаваат, брзо пресметуваат, никогаш не се вознемируваат, секогаш продолжуваат да работат”, рекол Ма.

“Мислам дека би требало да и научиме нашите деца како да бидат поиновативни, покреативни и поконструктивни, се што машините не можат”, рекол Ма.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail