Милионер нуди парична награда од 3700 долари за секој кој ќе ја реши оваа мистерија

chovek.jpg

Еден австралиски бизнисмен нуди награда од 5 илјади австралиски долари (3700 американски долари) за оној кој ќе успее да ја реши една од најголемите мистерии на оваа држава.

Станува збор за геоглиф кој е направен во пустина, а за прв пат бил забележан пред 20 години кога еден пилот летал над него. Геоглифот е наречен “Човекот од Мари” бидејќи се наоѓа во близина на местото Мари во централна Австралија и претставува ловец со копје високо околу четири километри.

Важи за вториот најголем геоглиф на светот со вкупна должина на линијата од 28 километри, која е вдлабната на длабочина од 35 центиметри.

Меѓутоа до ден-денес се уште претставува мистерија кој и зошто го направил ова. Многумина претпоставуваат дека тоа е дело на локални уметници, но никој никогаш не се јавил со потврда дека е одговорен за делото, пренесува “The Sun”.

Сега филантропот Дик Смит одлучил да понуди парична награда за оној кој ќе го открие потеклото на ова уметничко дело кое е изгравирано во црвената земја на платото.

Милионерот Смит верува дека ова уметничко дело е направено по примерот на древните прикази на богот Зевс и вели дека нема сомнеж дека ова било сложена и скапа работа која барала одреден степен на научно знаење.

Во текот на изминатите две години, Смит и неговиот тим работеле на откривање на потеклото на геоглифот.

“Верувам дека група на луѓе стои зад ова дело. Мислам дека некои луѓе можеби од универзитет или од владата рекле: Еј, ајде да го тестираме овој софтвер, одиме да направиме џин во пустината”, изјавил Дик.

“Човекот од Мари” технички е во сопственост на жителите од Арабана кои во 2012 година го освоиле правото на сопственост на повеќе од 800 квадратни километри земја северно од Мари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top