Минатата година дипломирале 769 студенти помалку во однос на 2017

diploma-696x288.jpeg

Во минатата 2018 година, диплома на додипломски студии на универзитетите во земјата стекнале вкупно 7.698 лица, од кои 6.204 дипломирале на државните универзитети, а 1.472 на приватните универзитети, што претставува пад од 10 отсто во однос на лани, односно 769 студенти повеќе дипломирале во 2017 година.

Според податоците од Државниот завод за статистика, најбројни биле оние што добиле дипломи на Скопскиот универзитет (3.194), додека гледано според факултетите, предничини Економскиот факултет во Скопје (662).

Инаку, од вкупниот број дипломирани студенти, 87 отсто биле редовни, а 13 отсто биле вонредни студенти.

иѕвор: фокус..мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail