Минимална плата и во Швајцарија – 20 франци на час

swirzrland.jpg

За прв пат во Швајцарија се воведе минимална работна плата. Преседан е во кантонот Нушател по одлука на локален референдум од 2011-та. Локалните жители тогаш се произнесоа за долен праг на приходи од 20 швајцарски франци на час. Мерката стана факт едвај сега откако Федералниот суд ја отфрли на последната инстанца на жалбата на локални работодавци и економски организации, јавија агенциите.

Федералниот суд на Швајцарија пресуди дека минималната плата, одобрена од жителите на кантонот Нушател, одговара на уставниот принцип за економска слобода и на федералните закони. Одлуката на судот ја признава и целта за борба против феноменот „вработени сиромашни“.

20 швајцарски франци се малку повеќе од 17 евра. За споредба минималниот надоместок за час во Франција е 9,76 евра. На месечна основа при работна недела од 41 час зафатен во кантонот

Нушател ќе добива не помалку од 3.480 швајцарски франци или малку над 3 илјади евра. Исклучоци се предвидени за земјоделство и лозарство. Работодавците остануваат скептични кон одлуката на Федералниот суд.

Со малку под 3.500 швајцарски франци месечно животот во Швајцарија е многу тежок без социјална помош. Иницијативи за минимална плата има и во кантоните Јура и Тичино, но постапката уште е во тек. Слични проекти веќе отфрлија кантоните Женева, Во и Вале.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail