Министер за полиција се пријавил себе си поради користење мобилен во текот на возење

trojj.jpg

Министерот за полицијата во државата Нов Јужен  Велс во Австралија, Трој Грант, се пријавил самиот поради користење на мобилен во текот на возење, јави Би-Би-Си.

Министерот за време на возење го земал мобилниот и го фотографирал сообраќајот и потоа таа фотографија ја објавил на Твитер.

Потоа тој се пријави на надлежните и рече дека не сфатил дека го прекршува законот со тоа што го користи мобилниот при возење.

После пријавата, тој доби казна од 250 долари.

– Ова е голем потсетник. Никој не е над законот, дури ни ако е министер за полицијата, изјави спорниот министер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail