Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу се сретна со директорот на ИАЕА Јинг Жанг

sredba-litfiu-jang-1.jpg

Министерот Пиштар Лутфиу денеска се сретна со техничкиот директор на меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена (ИАЕА), г-дин Јинг Жанг.

Во текот на средбата, министерот Лутфиу и г-дин Жанг  разговараа за соработката помеѓу ИАЕА и Владата  на Република Македонија, при што министерот Лутфиу му се заблагодари на директорот за досегашната финансиска поддршка за реализирање на проектите од областа на развојот на човечките ресурси и за инфраструктурните проекти во областа на нуклеарната заштита и безбедност.

Министерот Лутфиу, исто така му се заблагодари на директорот и за поддршката на 4 нови  проекти од Република Македонија кои исто така се наоѓаат во листата на финансиска поддршка за 2018-2019  година.

Проектите кои ќе бидат  финансирани се од областа на нуклеарната медицина и од областа  на животната средина и радиоактивното следење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail