Кога шведските нуркачи во 2011-та година на дното на Балтичкото море здогледаа необичен објект со големина од 60 метри, многумина помислија дека наликува на вселенски брод, а осум години подоцна, научниците и натаму не знаат за што станува збор.

Објектот кој што лежи на дното на залив помеѓу Шведска и Финска има два влеза, се наоѓа на длабочина од 87 метри и наликува на печурка.

Додека некои сметаат дека станува збор за НЛО, многумина сепак тврдат дека станува збор за потопен бункер од Втората светска војна. Според некои други теории, станува збор за остаток на глечер или некаква друга совршена природна геолошка формација.

Исто така, една од теориите е дека станува збор за древен храм стар 14 илјади години кој бил дело на некоја напредна цивилизација.

„Мојата хипотеза е дека оваа структура настанала за време на леденото доба, пред многу илјади години“, изјави професорот на Универзитетот во Стокхолм, Волкер Брухерт.

Најинтересно се чини е тоа што кога група на истражувачи на “Team Ocean X”, кога нурнале во длабочините за да го истражат овој мистериозен објект, забележале дека сите нивни електронски уреди престанале да работат.

„Сите електронски уреди, па и сателитскиот телефон престана да работи кога бевме над објектот. Дека не станува збор за случајност сфативме кога опремата повторно почна да работи кога бевме на околу 200 метри од објектот. Опремата повторно престана да работи кога се вративме во близина на објектот“, изјави истражувачот Стефан Хогерборн.

Овој истражувачки тим е длабоко уверен дека пронајдениот објект на дното на Балтикот не е од природно потекло. Според нив, шведската влада ја крие вистината во врска со овој објект.

„Владата веќе неколку пати не измами и тие прават се што можат за да не уништат како истажувачка група“, порачаа од “Team Ocean X”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail