Мистериозни сигнали од вселената! Ова може да е доказ дека не сме сами!

vselena.jpg

Можеби некоја цивилизација која живее некаде далеку во вселената се обидува да ни испрати сигнали, велат научниците. Поголемиот дел од нив се речиси согласни дека сигналите кои ги примаме од длабочината на вселената се произведени од некој вид на вонземна интелигенција. 

Научниците од неколку различни универзитети кои се занимаваат со проучување и обсервација на вселената имаат неколку пати забележано извесни сигнали или промена на зрачењата кои доаѓаат од многу оддалечени соѕвездија, за кои сметаат дека се сигнали кои ни ги испраќа некоја друга интелигенција која сака да не извести за нивното постоење.

Порака од вонземјаните?

Научниците се обидуваат овие промени кои ги имаат забележано да го објаснат на начин на кој дури и послабо едуцираните луѓе би можеле да ги разберат. Па нивното објаснување би звучело вака: Со мерењата забележани се извесни промени во светлината и зрачењаа на одредени соѕвездија кои се предмет на опсервација. Мерните инструменти не би можеле да произведат ваков вид на звуци или варијации во емисијата на зраци, па така заклучокот е дека овој феномен има вештачка природа, односно дека е создаден од некоја интелигенција.

Се работи за периодични фреквенции преку кои се емитира спектрални линии по принципот на Фоурерово трансмитирање. Научниците веруваат дека целта на овие сигнали е да не информира нас но и било кои други свесни суштества за постоењето на испраќачот на сигналот. Потеклото на сигналот доаѓа од „работ“ на галаксијата, па секако постои можност овие сигнали да се плод на непознат хемиски елемент, при пренесување на енергија преку молекулите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail