ezero.jpg

Темелите на градот сè уште се наоѓаат под вода, но камбанаријата е доволно висока што и понатаму го означува “центарот“ на некогашното место кое за многумина било дом.

Јужен Тирол познат е по една од најнеобичните туристички атракции во Европа, езерото Ресиа со камбанаријата. Тоа е акумулациско езеро на север од Италија, направено во 1950-та година.

Пред да настане тоа езеро, на тој простор се наоѓало село кое било поплавено. Тоа што останало по поплавата, денес е единственото обележје на некогашното село, а тоа е камбанаријата на селската црква која што “излегува“ од водата.

Во текот на зимата, кога езерото ќе замрзне, до камбанаријата може да се стигне и пешки.

Камбанаријата е важен искориски симбол на овој регион, а поради тоа тој е реновиран пред 10 години.

Многумина кажуваат дека сè уште го слушаат ѕвоното од камбанаријата иако тоа е отстрането по создавањето на езерото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail