MIT-Univerzitet.jpg

Под мотото Дружи се, инспирирај и на МИТ студирај! ‒ утре, 5.5.2017 г., со почеток во 20.00 часот, МИТ Универзитет во своите простории на Плоштад Македонија ја организира најголемата предматурска забава со многубројни едукативни и забавни содржини.

Настанот, кој е отворен за сите матуранти од скопските средни училишта и училиштата ширум Македонија, на матурантите ќе им понуди можност одблиску да се запознаат со МИТ Универзитет, наставните содржини и модерниот ентериер, лабораториите и амфитеатрите, како и нивната идна идеална опција за продолжување на квалитетното формално образование.

За одличната атмосфера и забава, која по воведното запознавање со универзитетот ќе продолжи во Колектив бар и ресторан на Плоштад Македонија, ќе бидат задолжени добро познатите Жарко Димитриоски, Дј Гоце Саф и бендовите Акустик Дивижн (Acoustic Division) и Бета Хаус (Beta House).

Како дел од програмата на настанот, МИТ Универзитет ќе додели и 15 стипендии за најдобрите во едукативен квиз на знаење.

За сите матуранти и заинтересирани студенти што се во потрага по образовни програми приспособени да одговорат на современите пазарни потреби, високостручен кадар на врвни професори и научни работници подготвени целосно да ја споделат својата експертиза на идните професионалци од областа, акредитирани факултети и развиени програми за размена и соработка со светски признаени факултети, МИТ Универзитет е вистинскиот избор за продолжување на формалното образование.

Дружи се, инспирирај и на МИТ студирај!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail