Млад Балканец со „паметни клупи“ за неколку дена заработил скоро 200.000 евра

balkanec.jpg

Со своите „паметни клупи“ за неколку дена  Иван Мрвош од Солин, Хрватска  заработил 191.000 евра, од 47 инвеститори.

Само за еден ден ова младо момче добило 150.000 евра, а целта му е да заработи 400.000 евра. Изумот „паметна клупа“ на Мрвош е на пат да стане светски бренд. Освен Хрватите, за овие клупи интерес покажале луѓе од Британија, Јапонија, Ирска.

Во моментот кога ќе собере доволно пари, компанија ќе биде отворена и во Естонија. Мрвош има план како сака да му се развива компанијата во следните пет години.

„Дел ќе вложиме во маркетинг и продажба и ова не сме го правеле досега затоа што луѓето нас ни се јавуваа. Уште не знаеме колку е потенцијалот на тој пазар. Ќе вложиме и во производот со кој сега сме 10 чекори пред конкуренцијата“ – вели Мрвош.

Лани продал 120 клупи во 9 земји и заработил 200.000 евра. Клупата е усовршена, енергетски автономна, се полни на сонце и на неа може да се полни мобилен телефон. Таа е отпорна на вандализам, а единствено расипување би било да се оштети УСБ полначот кој чини 20 куни и тоа ќе се реши за 5 минути.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail