МЛАД ПЛАНИНАР ОСВОЈУВА ВРВОВИ: Ване Бошев (13) по втор пат и во невреме го искачи Мали Томор во Албанија

MLAD-PLANINAR-OSVOJUVA-VRVOVI-Vane-Boshev-13-po-vtor-pat-i-vo-nevreme-go-iskachi-Mali-Tomor-vo-Albanija.jpg

МЛАД ПЛАНИНАР ОСВОЈУВА ВРВОВИ: Ване Бошев (13) по втор пат и во невреме го искачи Мали Томор во Албанија

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино викендов по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, висок 2.474 метри, во услови на невреме.

Ова денеска го соопшти тимот на Бошев, кој планинари од неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а своевремено беше прогласен и за надежен планинар од страна на Федерацијата на планинарски спортови. Сега тој има неполни 13 години.

-Се работи за врв на истоимената планина, кој тој за прв пат го имаше искачено на неполни седум години. Овојпат беа многу страшно тешки  временски услови, фати јако невреме. Силен ветар со дожд, шушлак, минусни температури на врвот, соопштија од тимот на Бошев.

Во искачувањето учествувале 17 планинари од четири македонски планинарски друштва. Само Бошев и охридскиот планинар Давор Ристевски успеале да стигнат до врвот, поради лошите временски услови. Некои од планинарите морале да се откажат на само неколку метри од самиот врв.

Од тимот на младиот планинар додадоа дека фотографиите се направени во теќето на самиот врв, бидејќи лошото време не дозволувало ниту фотографирање на отворен пристор.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail