Млади до 29 години ќе се обучуваат во странски компании

podrska.jpg

Повеќе од 100 компании досега подигнале апликации за доделување на пари од третиот столб на владиниот План за економски раст. До крајот на повикот се очекува удвојување на оваа бројка, а во почетокот на јули и потишувањето на првите договори, изјави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Според податоците на Фондот најмногу интерес има за третата мерка – финансирање трошоци до 70 отсто за иновации, нови продукти и услуги, од идеа до пласман, за што се предвидени 20 милиони денари и за четвртата мерка – стручно усовршување на млади до 29 години во некои од компаниите во западните земји.

„Во првата фаза, евалуацијата на проектите ќе ја прават надворешни стручни луѓе од Македонија, додека во втората фаза Комитетот за селекција на парите на Фондот составен од пет стручњаци ќе бидат странски државјани. Одлуката, пак, кој ќе биде финансиран нема да ја носи државната администрација, ниту службеници од Фондот, Владата или Министерството за економија, туку ќе биде целосно во рацете на надворешни експерти“, подвлече Деспотовски.

Деспотовски најави дека инфо-сесиите ќе продолжат и наредните две недели, надвор од Скопје, во поголемите центри низ државата.

Мерките од третиот столб се отворени за сите микро, мали и средни претпријатија, а систематизирани се така, да не поттикнуваат конкуренција на фирмите.

Јавниот повик проектиран на 645 милиони денари беше објавен на 28 април, а ќе трае до 11 јуни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail