Младиот кромид прави чуда: 3 моќи на зелениот дел кој никако не смеете да го фрлите

1-mladiot-kromid-pravi-chuda-3-mokji-na-zeleniot-del-koj-nikako-ne-smeete-da-go-frlite-www.kafepauza.mk_.jpg

Алтернативната медицина го смета младиот кромид за неверојатно вредна и здрава храна која делува на телото однатре и однадвор. Освен тоа што помага кај настинката и намалувањето на високиот крвен притисок, младиот кромид дејствува против воспаленијата во телото, како и против габичките, стресот и заморот.

Воспаление на грлото

Исечете го кромидот на парчиња, а можете да му додадете и нарендан ѓумбир и сол, односно сето тоа заедно да го ставите во платнена вреќичка или крпа и да го загреете. Потоа замотајте ја во уште една крпа или пешкир и ставете ја на воспаленото место (грло, гради, дланки или грб).

Отечени нозе

Варете го младиот кромид неколку минути. Блендирајте го, а доколку е потребно додајте и малку вода, сѐ додека не се претвори во паста. Со оваа паста намачкајте ги натечените делови на ногата. Овој рецепт се користи веќе стотици години и е доста ефикасен.

Затнат нос

Згмечете го младиот кромид и со неговиот сок натопете парче памук, а потоа ставете го на носот и областа околу синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ви ги ослободи дишните канали.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail