mnt.jpg

Македонскиот народен театар објави аудиција за избор на актери, танчари и пејачи за споредните улоги во новиот мјузикл „Мама миа“.

Мјузилот „Мама миа“ е светски хит инспириран од музиката на познатата музичка група АББА. Македонскиот народен театар соопшти дека по успешната реализација на мјузиклот Чикаго почнува со нов светски хит, овој пат низ приказна исполнета со љубов, забава и многу танц, што ќе ја режира Наташа Поплавска. Познатите поп-хитови за љубовните романси на две генерации, ќе бидат новиот предизвик во новата театарска сезона 2017/2018 во МНТ.

Крајниот рок за пријавување е 28.8.2017 до 24 часот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail