mnt_ke_go_proslavi_72_rodenden.jpg

МНТ своите почетоци ги започна на 3 април 1945 година, со претставата “Платон Кречет”, па затоа по тој повод во понеделник ќе го прослави својот 72 роденден. Во пресрет на роденденот утре ( 1 април) ќе биде организиран роденденски маратон, каде ќе бидат изведени пртставите: “Силјан Штркот- Шанца”, “Животот е прекрасен” како и по 150 пат ќе биде иведена претставата “Сомнително лице”.

Во интервју за МИА, директорот на МНТ Дејан Пројковски, вели дека во моментов театарот живее период со возбудливи креативни предизвици. Тој вели дека секоја нова премиера е се повеќе посетена. Даваат напори за промовирање како важен центар на европската театарска мапа.

Со напорна и трпелива работа во минатото, МНТ има своја претпознатливост и дефинирана сценска естетика.

-Она што е секојдневен двигател на нашата работа го содржи слоганот за нашиот 72- ри роденден: “Создаваме на светов убавина”- вели Пројковски за МИА.

-Голема чест и одговорснот за мене е да си на чело на МНТ, бидејќи тоа значи да се креира неговиот театарски миг, да се создаваат правци и патишта на неговата естетска иднина, но сето тоа да биде базирано врз минатото, кое што е градено од многу генерации, извонредни театарски дејци- вели тој

Тој додава дека во МНТ има место само за најдобри автори.

-Јас не ги делам режисерите на домашни и странски, туку на добри и лоши. – вели Пројковски за МИА

МНТ е отворен за соработка, а им се дава простор и на младите за внесување на свежина.

По копродукција со “Винер фествохен”, тоа станува  столба за историјата на МНТ, а со гостувањето на фестивалот се става почеток на презентирање на театарот  во прва лига театарски фестивали.

МНТ Фест и оваа година ќе понуди репрезентативна програма на националните театри, а ќе бидат  оганизирани и неколку работилници каде студентите, публиката и новинарите ќе можат да се среќаваат со гостите. Директорот Пројковски најави дека ќе биде изведена претстава на актери од Кина, како и од повеќе други национални театри.

Инаку минататa година над 128.000 луѓе го имаат посетено Македонскиот народен театар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail