Мобилните игри генерирале 40,6 милијарди долари приходи за 2016 година

mkekk-kkeeedd.jpg

Мобилните игри се голем бизнис и за тоа сведочи последниот извештај на SuperData Research и Unity. Пазарот на мобилни игри генерирал 40,6 милијарди долари приходи во минатата година, што е зголемување за 18 проценти во споредба со 2015 година. Мобилните игри станаа толку популарни што сега сочинуваат половина од пазарот на целата светска гејминг индустријата.

Најголемиот пазар за мобилни игри во светот е Азија, бидејќи тој генерирал 24,8 милијарди долари приходи во 2016 година. САД се рангира на втората позиција со 6,9 милијарди долари, следени со Европа со 5,7 млиарда долари. Корисниците на Android поминуваат речиси 30 минути на ден во играње на игри, што е за 9 проценти повеќе отколку во 2015 година.

Во САД, мобилните игри се попопуларни од познатите стриминг услуги. Американците поминуваат повеќе време во играње на игри, отколку гледајќи Netflix, YouTube и Hulu. Во извештајот се наведува дека корисниците играат игри шест дена во неделата, додека само пет дена гледаат онлајн содржина. Логичките игри се најпосакуваните меѓу корисниците со 58 проценти одобрување, акциските игри имаат 40 проценти, а само 26 проценти од луѓето избираат симулатори. Сепак, меѓу жанровите акциските игри имаат најголем удел на инсталација – 30 проценти – следуваат „мозаик“ игрите со 14 проценти.

Важно е да се спомене дека Android играчите претставуваат 78 проценти од светскиот пазар. А САД е единствената земја во светот во која iOS играчите се повеќе од оние со Android уреди.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail