Мобилните се повеќе горат ! Стопирана продажбата на контроверзниот Galaxy Note 7 !

160927140856-china-note-7-fire-2-1024x576.jpeg

Во вторник компанијата SAMSUNG соопшти дека ја стопира продажбата на контроверзниот Galaxy Note 7, но и дека ги повлекува сите досега продадени уреди.

Преку официјално соопштение, SAMSUNG ги повика сите сопственици на смартфонот Galaxy Note 7 да ги исклучат своите мобилни телефони и да престанат да ги употребуваат. За начинот на замена и евентуалниот поврат на трошоците на корисниците компанијата ќе даде известување во некое идно соопштение.
Имено, од 190 илјади продадени Note 7-ци, забележани се 20 случаеви каде што телефоните се запалиле, при што неколку од нив не се ни употребувани за време на инцидентите.
Експертите споменуваат неколку причини за ваквиот дефект, а тие најголемиот број од нив се однесуваат на батеријата за полнење на мобилниот телефон. Како најчеста причина се споменува и преголемата димензија на батеријата. Тоа предизвикува кратки споеви во нејзини рамки што потоа го опожарува целиот телефон.
Меѓутоа, ова не е прв случај да се повлечат ит производи од употреба поради дефекти на компонентите од кои се тие составени.
Во 2006 се случи еден од најголемите скандали во кои беа вклучени сите поголеми произведувачи на персонални компјутер, како што се: HP, Toshiba, Fujitsu, Hitachi, Dell,Apple и многу други.
И тогаш, исто како и сега, како главен проблем се јавуваше честото прегревање на батеријата од кои подоцна бликнуваше оган.
Како главен виновник тогаш се покажа компанијата SONY која всушност ги доставуваше овие батерии. Подоцна, Судските власти ја примораа оваа компанија да замени околу 9,5 милиони неисправни батерии. Дополнително, финансиски средства како компензација им беше исплатена на компаниите чии уреди беа оштетени поради лошоизработените батерии.
ЧОВЕЧКИ ЖРТВИ
Познати се неколку случаеви во кои експлозијата на батерија довела и до човечки жртви. Во 2007-та година во Кина се случија 2 последователни експлозии на батерии додека телефоните се наоѓале во џебот на корисниците.
И во двата случаи, пациентите се здобиле со искршеници на ребрата и повреда на виталните органи.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail