germs-phone-toilet-seat-e1543758647356.jpg

Тие ни овозможуваат да најдеме секакви податоци, да гледаме смешни видеа, да зборуваме со луѓе оддалечени илјадници километри од нас и сето тоа со едно притискање на копче. Но, сигурно сите ќе се помислиме дали ќе ги допреме уште еднаш откако ќе дознаеме колку бактерии се наоѓаат на нив. Едно ново истражување покажа дека мобилните телефони се седум пати повалкани од веце школките.

Тие што носат кожени футроли имаат уште повалкани телефони, но дури и тие кои се во обични футроли имаат повеќе од шест пати бактерии во споредба со нашите тоалети. И покрај тоа, едно истражување на канцелариски работници покажа дека двајца од петмина работници или 40% го земаат телефонот со нив во веце, но само 20% го чистат потоа.

Компанијата Initial Washroom Hygiene зеде примероци од паметни телефони со помош на уред кој свети кога ќе забележи живи микроби на површината. На веце школките тие нашле во просек 220 места каде што имало бактерии, додека на еден паметен телефон во просек имало 1.479.

Сепак, потенцираат дека бактериите кои се наоѓаат на телефоните веројатно се наши бактерии, па има мала веројатност да заболиме од нешто. Сепак, не се советува да се разменуваат телефоните и да се користат туѓи.

Во рамките на истражувањето биле анализирани 50 телефони. Најмногу бактерии биле забележани кај телефоните во кожена футрола – речиси 17 пати повеќе отколку што има на веце школката. Просекот на бактерии на телефоните во пластична футрола бил 1.454, што е речиси седум пати повеќе од бројот на бактериите кои се наоѓаат на рачките на вратата во вецето и на веце школката.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail