Модна ревија на студентите на Тенолошко-технички факултет

a12228b73ec867e8092bb529c347c8be_XL.jpg

Студентите на Технолошко-технички факултет при УГД во понеделник (12.6.2017) ќе имаат своја изложба на креации. Проектот, кој е насловен „Во светот на бајките“, е во соработка со Библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип. Проектот е поддржан и од Министерството за култура на Република Македонија.

Настанот ќе започне во 19.30 часот со повеќе активности. Најпрвин ќе има осврт кон литературата за деца, ќе следува поздравен говор со краток опис кон македонската книжевност и претставување на факултетот, па потоа модна ревија и изложба на модели.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail