Моќно оружје во борбата против акни: Сè што треба да знаете за салицилната киселина

ijAvH-c8.jpg

Еден од првите чекори во борбата против упорните акни е да ги утврдите состојките на Вашата крема за лице, серум, гел за чистење или тоник.

За таа цел, денеска Ви ја претставуваме салицилната киселина, која сè почесто е главна состојка во тониците и лосионите за чистење на проблематичната кожа.

Што е салицилна киселина?

Накратко, салицилната киселина е бета-хидроксилна киселина (BHA), која е сродна на аспиринот и лактичната киселина.

Какви се нејзините ефекти?

Салицилната киселина е одличен ексфолијант, а покрај тоа таа темелно ги чисти и одзатнува порите, извлекувајќи ја сета насобрана нечистотија од површината.

За каква кожа е наменета оваа киселина?

Доколку страдате од акни и проблематична кожа, тогаш производите кои содржат салицилна киселина се Вашите нови најдобри пријатели. Иако на сите типови на кожа им годи добрата ексфолијација два до три пати неделно, салицилната киселина е особено корисна за масната кожа. Доколку Вашата кожа е чувствителна, тогаш одберете производи кои се понежни кон кожата или барем оние кои не содржат голем процент од оваа киселина.

Како се користи?

Салицилната киселина најчесто се користи како дел од редовната нега на кожата, а може да се најде во вид на креми, тоници и гелови за лице. На производите, таа обично се наоѓа при крајот на листата на состојки бидејќи е потребно многу мала количина од истата за да се забележи разликата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail