naslovna.jpg

Една од двете постоечки фотографии на Винсент Ван Гог, за која отсекогаш се претпоставуваше дека на неа е познатиот холандски сликар, всушност е фотографија на неговиот брат, велат од Музејот на Ван Гог во Амстердам.

Koга подобро ќе погледнете во фотографијата ќе ви стане јасно дека на неа се наоѓа момче на 15 годишна возраст, со име Тео ван Гог, кој е брат на познатиот Винсент ван Гог, кој тогаш имал 13 години”, велат надлежните од Музејот.

Црно-белата фотографија претставува момче со виткана коса и светли очи. Тоа е една од двете фотографии кои можат да се најдат на бројни писанија и биографии каде се опишува животот на познатиот сликар.

Браќата премногу личеле еден на друг, но сепак Винсент имал пофини црти на лицето и многу посветла боја на очи за разлика од момчето на оваа фотографија.

Ван Гог, роден во 1853 година и познат по маслени автопортрети со силни бои, не сакал да се фотографира. На другата, сега единствена фотографија, уметникот има 19 години.

Фотографијата е дело на Балден Шварц, и истата се појавува на изложба во 1957 година. Фотографијата се наоѓала во каталогот од изложбата под наслов “Портрет на Винсент Ван Гог (околу 1886)”.

При првиот сомнеж дека момчето на фотографијата на е познатиот сликар, експертите детално ја испитале истата при што заклучиле дека станува збор за Тео ван Гог.

Правнукот на Тео ван Гог, Вилем ван Гог, кој е советник во музејот во Амстердам вели дека бил изненаден од сознанието дека на фотографијата е неговиот прадедо, а не Винсент, но е среќен затоа што конечно е решена мистеријата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail