МОН: Целосно да се расветли случајот со злоупотреба на лични податоци на студенти

mon.jpg

Javna administracija, ministerstvo za finansii i ministerstvo za obrazovanie i nauka

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги повика надлежните институции целосно да го расветлат случајот со злоупотреба на лични податоци на студенти од Машинскиот факултет и други факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ).

– Во врска со случајот со објавените лични податоци на актуелни и поранешни студенти на Машинскиот факултет, но и на други факултети во состав на УКИМ во Скопје, МОН апелира и ги повикува надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита на личните податоци да преземат соодветни мерки во насока на целосно расветлување на случајот, односно утврдување на причините за настанувањето на ситуацијата и посочување на соодветна одговорност за инволвираните, стои во соопштението од МОН.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail