МОН ги објави резултатите од Конкурсот за прием на бруцоши во студентските домови во Скопје

mon.jpg

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ОБЈАВЕН НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД ЗА 2019 ГОДИНА

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти од прва година на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје.

Од Министерството информираат и дека студентите имаат право на приговор во рок од 5 дена, (од денот на објавување на резултатите), кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.

Уште еднаш напоменуваме дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б“, стои во соопштението од МОН.
Резултатите од Конкурсот може да ги најдете на следниов ЛИНК.

Резултатите по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 15.10.2019 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail