МОН ги повика наставниците да достават предлози за новите наставни програми

ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka-1.jpg

Министерството за образование и наука ги повика наставниците од одделенска настава да достават предлози и коментари за новите наставни програми што се предвидуваат во основното образование.

– За да создадеме што е можно подобар и поквалитетен образовен модел, сакаме да го слушнеме гласот и мислењето на лицата што секојдневно се вклучени во образовниот процес, наставниците. За таа цел, Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми и реформите во основното образование – се вели во соопштението од МОН.

Предлозите и коментарите може да се достават на npp@mon.gov.mk или до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

Од МОН најавуваат дека наскоро се очекуваат и новите наставни програми за второ и трето одделение.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top