МОН објави Конкурс за стипендии за ученици во средните училишта

ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka-1.jpg

Министерството за образование и наука, денеска ги објави Конкурсите за доделување стипендии за учениците во јавните и приватните средните училишта во Република Македонија.

Министерството за образование и наука за учебната 2017/2018 година ќе додели 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици-спортисти од средните училишта. Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови, да се редовни ученици од I година, кои во текот на претходните две учебни освоиле најмалку две награди за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт; да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле награда за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт; да имаат постигнат просечен успех од најмалку 4,00 во досегашното образование. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.970,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Министерството за образование и наука за учебната 2017/2018 година ќе додели педесет стипендии за талентирани ученици од средните училишта во Република Македонија Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови: да се редовни ученици од I година, кои во текот на претходните две учебни освоиле најмалку две награди за освоено I, II или III место во поединечна категорија на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште (Списокот на предмети значајни за струката е прилог на овој конкурс објавен на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk), да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште, да имаат постигнат континуиран одличен успех 5,00 во досегашното образование. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.970,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Министерството за образование и наука за учебната 2017/2018 година ќе додели 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од средните училишта во Република Македонија. Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

За учебната 2017/2018 година ќе бидат доделени и 50 (педесет) стипендии за ученици со посебни потреби од средни училишта во Република Македонија. Право на стипендија имаат кандидатите кои ги следните услови, да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале успех од најмалку 3,00, да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале успех од најмалку 3,00, како и да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.750,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ги исполнуваат условите, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 25.10.2017 година до 5.11.2017 година, освен кандидатите кои аплицираат за стипендиите за ученици со посебни потреби.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top