МОН предлага Владата да донесе одлука за задолжително далечинско учење во основните училишта

mon.jpg

Министерството за образование и наука ќе достави до Владата предлог-уредба за задолжително воведување далечинско учење во основните и во средните училишта, односно учење од дома преку примена на техничко-електронски уреди со цел продолжување на воспитно-образовниот процес во вакви вонредни околности.

– За формата на далечинско учење што ќе се применува согласно можностите (особено можностите на учениците), ќе одлучуваат раководствата на училиштата и првенствено наставниците, кои ќе имаат обврска да ја разработат и да ја пренесат наставната материја, а потоа и да го проверат знаењето на учениците и да ги оценат – велат од МОН.

Од МОН велат дека се подготвени да им помогнат на општините и училиштата во надминување на предизвиците што ќе ги посочат, со цел воведување одредена форма на далечинско учење и непречена реализација на воспитно-образовниот процес.

– Секако, ќе инсистираме локалните самоуправи да обезбедат и индивидуална поддршка за секој ученик, родител/старател за вклучување во онлајн-наставата Сепак, едукацијата на учениците не смее да запре бидејќи во спротивно, последиците можат да дојдат до израз во некои подоцнежни период од животот на поединецот – велат од МОН.

извор: деца.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail