МОН вработува наставник кој ќе ги учи децата македонски јазик во Шведска-плата 1880 евра

ministerstvo.jpg

Доколку живеете во Шведска, имате завршено високо образование за одделенски наставник, педагог или наставник по мајчин јазик и сте невработени имате шанса да добиете работа.

Министерството за образование бара наставник кој ќе предава македонски јазик во Кралството Шведска. Платата која се нуди е 1800 евра.

Според барањата кандидатот потребно е да ги – исполнува следниве услови:

Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог или наставник по мајчин јазик; – Да има работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;

Да го познава јазикот на државата за која конкурира; – Да е државјанин на Република Македонија;
Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.
Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири учебни години.
Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството
за образование и наука.

Избраниот наставник, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.
Потребни документи:

Молба;
Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот; – Кратка биографија со фотографија;
Потврда за работен стаж во основно училиште;
Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат;
Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.
Дневно работно време на наставникот:

8 часа во зависност од организацијата на воспитнообразовната работа на наставникот,
Неделно работно време на наставникот:

најмалку 5 (пет) дена во неделата.

Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:

Кралството Шведска – 1 .881 ,00 ЕУР,
Документите се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул. „Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство,
Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail