FIBERNET.jpg

Компанијата ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е дел од мултинационалната групација на компании во регионот на Западен Балкан. ФИБЕРНЕТ ДОО е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Тимот на ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место – МОНТАЖЕР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА.

МОНТАЖЕР НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА

Работни задачи:

  • Инсталација на слабострујни инсталациони кабли и системи
  • Подготовка на внатрешна инсталација кај корисник
  • Сетирање на корисничка опрема

Потребни квалификации:

  • Минимум образование Електротехника/ССС
  • Пожелно предходно работни искуство во ИТ Компанија
  • Поседување на возачка дозола од Б категорија
  • Подготвеност за тимска работа под притисок на зададени рокови и за самостојна работа
  • Прецизност и работливост
  • Подготвеност за тимска работа под притисок на зададени рокови и за самостојна работа
  • Пожелно поседување на препораки од претходни работодавачи

На кандидатите им нудиме:

  • Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
  • Употреба на најмодерни информатички технологии
  • Континуирано усовршување во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
  • Можност за напредување
  • Работа на големи и комплексни проекти

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тимкој постојано расте, тогаш испратете ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса vrabotuvanje@fibernet.mk, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен до 16.07.2018 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail