Морничаво видео: Змија голта друга помала змија

zmija.jpg
Норман и Сали Хил во Австралија фатиле австралиска кафеава змија како јаде друга змија.

Споменатиот пар е познат ловец на змии, а морничавата глетка ја затекнале во куќа во близина на Испвич во Квинсленд.

„Никогаш не сме виделе вакво нешто. Ретка е можноста ловец на змии да присуствува на ваква глетка“, рекол Норман Хил за AAP.

Ловците почекале змијата да го проголта својот оброк, бидејќи доколку таа биде прекината додека јаде, може да ја поврати храната, што е уште поодвратно.

Австралиските кафеави змии обично јадат жаби, други влекачи, птици и цицачи, но досега не беше познато дека можат да бидат и „канибали“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail