„Москва денес“ од среда во Скопје

moskva-denes.jpg

Од среда, 31 јануари, во Музејот на град Скопје граѓаните на Република Македонија ќе можат да ја видат изложбата на фотографии „Москва денес“.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Изложбата на фотографии насловена „Москва денес“ од среда, 31 јануари 2017 година, ќе биде поставена во Музејот на град Скопје. Отворањето ќе биде во 19 часот, а влезот е слободен.

Веќе неколку години престолнината на Русија – Москва, е подложена на посериозни урбанистички зафати, со цел нејзино разубавување. Жителите на главниот град со задоволство гледаат на тоа како нивната Москва од ден на ден станува сѐ поубава.

Токму ова е забележано на изложбата „Москва денес“. Фотографиите ги прикажуваат најубавите делови од градот – улици, паркови, музеи, згради, трговски и деловни центри, стадиони – кои беа подложени на реконструкција. Голем дел од нив се пренаменети во служба на граѓаните, а со цел да им понуди место за релаксација и одмор и пријатно поминато време.

Организатори на изложбата „Москва денес“ се Амбасадата на Руската Федерација, државната организација Россотрудничество и градот Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top