МОТ започнува со „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“

MOT-zapochnuva-so-Univerzalna-vo-plamen-tragedija-vo-shest-dekadi.png

МОТ започнува со „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“

Годинешниот интернационален театарски фестивал „Млад отворен театар“ МОТ  сќе биде отворен со премиера на „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“, ко-продукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат. Претставата ќе има 5 премиерни изведби од 24 до 28 ноември.На 27 јули 2020, ден по 57-годишнината од земјотресот во Скопје, во јавноста се појави идејата дека Универзална сала ќе се руши. Оваа идеја веднаш поттикна општествена дебата.Што е улогата на уметноста кога општеството дебатира? Да одговори на дилемата или да (си) го постави прашањето: Какво е тоа општество што нѐ доведе до оваа ситуација?

Ова е претстава за новата солидарност, која овие времиња ја бараат: за пожарот, трагедијата и за катарзата од која треба да роди нова солидарност како фениксот што се раѓа од пепелта, од пепелта на Грамши.
www.bileti.mkc.mk
www.mot.mk
… ќе има и утре!
фото: Драгица Николовска

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail