Може ли на Титан да се развие живот?

titan.jpg

Соред студијата што беше објавена во списанието „Science Advances“, научниците на Титан-најголемата месечина на Сатурн, откриле нешто што би можело да доведе до создавање на вонземска форма на живот.

Винил цијанид, сложен органска молекула, има способност да формира сфери, слични на клеточната мембрана.

И покрај тоа што можеби звучи како токсична материја, ова органско соединение, кое на Титан во големи количини е детектирано преку податоците од радиотелескопите во Чиле, би можел да послужи како одличен материја за создавање на живот.

Титан претставува уникатно тело во Сончевиот систем. Се работи за единствена месечина со облаци и густа атмофера која содржи азот и метан. Атмосферскиот притисок на Титан е за 60 проценти поголем од земјиниот, што значи дека предизвикува чувство како да се наоѓате на дното на базен полн со вода. Тоа значи дека потенцијалот за живот на Титан би требало да изгледа малку поинаку. Но, атмосферата на Титан во многу аспекти е слична на атмосферата на примордијалната Земја, на која веќе се развил живот, така што, не е исклучено истото да се случи и на Титан.

На површината на Титан исто така има слични водени тела како на Земјата, но реките, морињата и езерата се состојат од етан и метан, кои испаруваат, создавајќи облаци од кои врне течен гас.

Темпертатурата на површината на овој сателит изнесува минус 179 степени Целзиусови, така што реките и морињата биле издлабени од метанот, слично како што на Земјата карпите и лавата помогнале да се формираат каналите и длабнатините.

Овие базени од метан на површината на Титан се средина која би овозможила молекулите од винил цијанидот да се поврзат и да формираат творби слични на клеточни мембрани на Земјата.

„Присуството на винил цијанид во средина со течен метан, укажува на можноста од хемиски процеси кои се аналогни со тие што се важни за животот на Земјата“вели Морин Палмер, водач на истражувањето од Центарот Годард на НАСА.

Научниците исто така веруваат дека под површината на Титан се наоѓаат океани со течна вода, како оние на јупитеовиот сателит Европа и Енцелад – уште една од месечините на Сатурн, кои се  смета дека ги имаат најголемиот дел од составните делови потребни за живот каков што го познаваме

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail