Можен вонземски живот во облаците на кафените џуџиња

vest_5_495x495232.jpg

Доколку еден ден навистина пронајдеме вонземски живот тогаш е потребно да знаеме каде точно да бараме, а научниците идентификувале уште едно потенцијално место каде што таков вид на живот би можеле да опстојува.

Новото потенцијално „живеалиште“ е горниот дел од атмосферата на студените „кафени џуџиња“ – масивни објекти со големина помеѓу планета и ѕвезда, но без доволно маса за во нив да започне нуклеарна реакција.

Според пресметките на истражувачите од Универзитетот во Единбург, притисоците и температурите во горните делови од атмосферата на кафените џуџиња би можеле да се многу слични до оние на земјата – а во такви услови би можеле да растат одредени видови на микроби.

Ваквите кафени џуџиња се направени исклучиво од вители гас, а објектот кој тимот од универзитетот го истражувал е наречен WISE 0855-0714. Тој бил откриен во март 2013 и е лоциран на околу 7 светлосни години од Земјата.

Тимот користел пресметки развиени од астрономот Карл Саган кои оригинално биле наменети за пресметување на можноста за живот на Јупитер и биле адаптирани да се вклопат во она што го знаеме за гасовитите џинови како WISE 0855-0714

Саган замислувал дека во атмосферата на Јупитер живеат организми слични на планктоните на кои не би им било потребно цврсто тло за да преживеат, а со тој тип на живи организми се согласува и тимот истражувачи кои сметаат дека истите би можеле да преживеат и се развиваат и во атмосферата на кафените џуџиња, живеејќи помеѓу врелите гасови во долните делови на атмосферата и смрзнувачки студените горни слоеви поблиску до вселената.

Според претходни истражувања научниците сметаат дека голем дел од хемиските состојки потребни за живот (како јаглеродот, водородот, азотот и кислородот) веќе се присутни кај кафените џуџиња, а во поглед на температурата пак, кај WISE 0855-0714 таа најверојатно е слична со онаа на Земјата.

Многумина научници шпекулираат за начинот на кој такви микроби воопшто завршиле во атмосферата на кафените џуџиња, а некои од можните начини се дека тие резултирале разни хемиски реакции или биле пренесени од некој астероид кој поминувал.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail