zvezda.jpg

Астрономи велат дека двојната ѕвезда може да експлодира во 2022-та година

Може да се случат драматични промени на небото, ако прогнозите на астрономите се покажат точни- велат дека постои можност да се појави двојна ѕвезда во севреното соѕвездие Лебед, и да експлодира во 2022-та.

Бинарната ѕвезда е оддалечена од соѕвездието 1.800 светлосни години, така што она што астрономите сега го набљудуваат се случило пред 1.800 години.

Тие предвидуваат што би можело да се види во 2022-та, базирано на тие опсервации.

Ова го најавија професорот Лоренс Молнар од универзитет во Мичиген, неговите студенти, астрономи од опсерваторија во Ново Мексико, како и од Универзитетот во Вајоминг, на 229-та средба на Американската астрономска заедница во Тексас.

„ Ова е шанса една во милион, да предвидите експолозија. Никогаш не се случило претходно“, рече Молнар.

Бинарниот систем, наречен КИЦ 9832227 бил проучуван долго време, но, астрономите забележале промени во неговата светлина. По блиска опсервација, Молнар и неговиот тим откриле дека ѕвездите се доближуваат една кон друга.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail