Можно е да се возиме во летечко такси

letecki-avtiomobili.jpg

Групацијата „Ербас“ предвидува дека до 2030 година, 60 отсто од населението ќе живее во градовите, за разлика од сегашните 50 проценти. Затоа, овој гигант во авио-индустрија најде решенија за воздушниот сообраќај.

– За да се избегне сообраќајниот метеж, „Ербас“ разви посебен оддел за урбани летови кои работи на три нови концепти во авио-транспортот: возила или авион за еден патник, беспилотни летала за испорака на пакети и само-управувачки автобуси, пренесува порталот „Диџитал Трендс“.

Извршниот директор на „Ербас“, Том Ендерс, на конференција во Минхен, изјави дека се очекува компанијата до крајот на годинава да го претстави леталото за едно лице, пишува Ројтерс.

– Пред 100 години, плановите за градскиот превоз беа да се одвива под земја, но сега ги имаме потребните средства за да одиме над неа. Се уште проектот е во експериментална фаза и сериозно пристапуваме кон неговото развивање. Со летањето се избегнува потребата да се инвестираат милијарди долари во бетонски мостови и патишта – вели Ендерс.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail