Мозокот на човекот и на кучето слично функционира

mozokkkk123456789.jpg

Во последното испитување дали и колку кучето го разбира нашиот говор, односно дали прави разлика меѓу зборовите и интонацијата, научниците дојдоа до заклучок дека нашите мозоци не се разликуваат во толкава мерка колку што до скоро се мислеше.

Центарот за разбирање на зборови кај кучињата се наоѓа во левата мозочна хемисфера, токму како што е случајот и кај луѓето. Од една страна, за вокабуларот се активира еден дел од мозокот, додека за интонацијата е задолжен друг дел – во десната половина, што исто така, е својствено на човекот.

До овие заклучоци научниците дошле со помош на ваков текст: кучето го поставиле во седечка, мирна положба и му се обраќале со стандардни фрази при што ја менувале интонацијата. За тоа време ја следеле мозочната активност кај кучето и утврдиле дека и кучињата го разликуваат вокабуларот од начинот на кој им се обраќале. Тоа води до заклучок дека кучињата, како и луѓето ги „собираат“ зборовите, ги спојуваат со тонот со кој им се обраќаат, сето тоа го анализираат во своите мозочни клетки и заклучуваат што им порачуваат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail