Мрачната страна на Инстаграм: Откриено како манијаците принудуваат девојчиња од 12 години да им праќаат експлицитни фотографии

instagram.jpg

Тактиката која корисниците на Инстаграм ја применуваат за да привлечат нови фанови добила нова опасна намена: На девојчиња им нудат стотина долари во замена за поставување на сексуално експлицитни фотографии на таканаречените “ccc” страници.

“Shoutout” страниците настануваат така што еден профил презема Инстаграм фотографија од друг.

Оваа седмица, на 12-годишно девојче од Австралија му било понудено ваучер од “Amazon” во вредност од 120 долари доколку прати свои фотографии во долна облека на аматерски порнографски сајт на Инстаграм. Таа прифатила, а кога предаторот повторно стапил во контакт со девојчето – овој пат со понуда од 200 долари за експлицитни фотографии – се вмешала и нејзината мајка.

Од сајтот “@sexy?Shoutout33”, кој има 15.000 фанови, побарала да ја отстрани фотографијата од нејзината ќерка, но сопственикот на профилот барал да му плати.

Мајката потоа го избришала Инстаграм профилот на својата ќерка и случајот го пријавила во полиција. Рекла дека спорниот профил е преполн со фотографии од провокативно облечени девојчиња, кои позираат во провокативни пози.

“Имаше илјадници девојчиња…Некои лежеа и ги ширеа нозете”, вели таа.

Мајката ја објавила приказната за да ги предупреди родителите да ги надгледуваат профилите на своите деца на социјалните мрежи.

Австралиската сојузна полиција отворила истрага, а Инстаграм во меѓувреме го изгасил аматерскиот порнографски сајт.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top