Мразот на Гренланд добива нова боја – научниците се загрижени поради опасност од поплави

grenland.jpg

Појавата на сè поголем број темни алги на ледената плоча на Гренланд може да доведе до нејзино побрзо топење, предупредуваат научниците.

Повисоките температури доведоа до појава на алги на површината на ледената плоча на Гренланд. За разлика од мразот, темните алги ги апсорбираат сончевите зраци и го забрзуваат процесот на топење.

Научниците кои почнаа нов петгодишен истражувачки проект за да го истражат овој тренд признаа дека се многу загрижени.

Доколку мразот на Гренланд, кој зазема површина од 1,7 милиони километри квадратни, во целост се стопи, нивото на морето би се подигнало за седум метри.

Професорот Мартин Трантер од Универзитетот во Бристол, кој го води споменатиот проект, за Би-би-си рекол дека луѓето се многу загрижени поради постоење на можност мразот во иднина да се топи сè побрзо и побрзо.

Дека растителниот свет сè повеќе расте е забележано и на Антарктикот како резултат на глобалното затоплување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail