Мртов е веќе 200 години, а има продадено повеќе албуми од Бијонсе и Дрејк заедно

bijonse-drejk-620x350.jpg

На некои луѓе популарноста изгледа никогаш не им минува. Така е и оваа година, најпродаваниот издавач кој веќе не е со нас повеќе од 200 години е Волфганг Амадеус Моцарт.

Обично победникот на годините во бројот на продадени ЦД-иња е некој кој држи и други рекорди, како што е бројот на прегледи на Јутјуб, односно, некој кој е на врвот на популарноста, да речеме Бијонсе или Дрејк.

Имено, оваа година е 225 годишнината од смртта на Моцарт, па по тој повод направен е проект со кој се опфатени сите негови дела и снимени на 200 дискови, што е околу 240 часа музика.

Продадени се 6000 од овие комплети, што е повеќе од 1,2 милиони ЦД-иња, а тоа е и овогодинешниот рекорд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail