МСУ: Покана за интерактивна практична работилница „Говор на тело“

26805007_1854157094595028_1923417708467651995_n.jpg

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во соработка со Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија организира интерактивна практична работилница на тема „ГОВОР НА ТЕЛО“.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Работилницата ќе се одржи на 27.01.2018 со почеток од 10:00 часот, во просториите на универзитетот во Битола. Предавач на работилницата е проф. д-р Зендел Aбедин Шехи, основач и претседател на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија во Скопје, професор по меѓународни однос комуникациски науки.

Работилницата е бесплатна и право на учество имаат сите заинтересирани. Сите учесници ќе добијат сертификат за учество на работилницата.

ПРОГРАМА:

1 дел:
1. Вовед во говор на тело
2. Емпатија и агресија
3. Запознавање во говор на тело како наука и уметност од историјата на човештвото до времето на модерната технологија присутна денес
4. Запознавање со добрата и лошата страна
5. Запознавање на агресија,его,хејтерство и емпатија кај луѓето околу нас
6. Финале – како да добиеме почит. Како да бидеме почитувани !

2 дел:
1. Практични вежби за говор на тело
2. Како да се ракуваме
3. Како правилно да завземеме став при седење и комуникација
4. Како да водиме дискусија
5. Како да влијаеме кај луѓето
6. Како да бидеме спремни за интервју за работа, за состанок или секојдневна важна комуникација
7. Како да ги прочитаме знаците на луѓето кои лажат
8. Кои се знаците кои луѓето ги прават невербално со гестови додека лажат

3 дел:
1. Практични вежби за скенирање на лице и тело кај луѓето
2. Гестикулација на раце и нозе
3. Тренинг вежба за како да бидеме смирени и да не рефлектираме возбуда при тензија
4. Како да не покажуваме емоции и чувства на работа, училиште
5. Како само за 2 минути да скенираме потполно непознат човек
6. Како веднаш да му ги дознаеме намерите ( дали луѓето не лажат или можеби свесно или несвесно сакаат да не повредат).
7. Како да се заштитиме во одредени непредвидени ситуации со говорот на тело

Пријавување овде

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top