Мултимедијалниот спектакл „Вивалдијано“ на Охридско лето

VIVALDIANNO-OHRID-701x991.jpg

Концертниот 3Д-спектакл „Вивалдијано“, со повеќе од 60 музичари, танчари и наратори, ќе се одржи на 4 август на Античкиот театар во Охрид.

„Вивалдијано“ е безвременски музички проект составен од реномирани музичари од разни стилови со внимателно доделени улоги, кој e шарена мешавина на современата музика која се гради врз темелите на барокот.

Виртуозот на виолинана Јарослав Свјечени и рок-клавијатуристот и композитор Михал Дворчак, основачки член на „Луцие“ (најпозната Чешка музичката формација на крајот на 20 век), покажаа огромен ентузијазам, со кој тие го развија овој мултигенерички проект кој треба да допре до сите слушатели без оглед на генерацијата и стилот.

Идејниот творец е продуцентот, рок-пијанист и композитор Михал Дворчак, а авторот е чешкиот музичар, сценарист и драмски писател Томас Белко.

Тие почнале да испробуваат и создале експерименти од звуците на класични, етно и електронски музички инструменти.

„Вивалдијано“ сега го сочинуваат оркестар на класични музичари и арт рок изведувачи, како и танчари и наратори.

Она што им дава друга димензија на шоуата на „Вивалдијано“ се дизајнот на светлата и 3Д-проекциите на јапонскиот уметник, режисер и аниматор Касуоке Сагомота.

„Вивалдијано“ се претставува пред публиката со композициите на генијалниот италијански композитор Антонио Вивалди, но на нов и возбудлив начин преку вешто спојување на класичната музика со модерни елементи, а визуелните 3Д-ефекти и светлосно шоу придонесуваат за целокупното чувство на возбуда.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail