Музејот на Македонија промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите

Muzejot-na-Makedonija-promovira-Vodich-za-lica-so-poprechenost-pri-poseta-na-muzeite.jpg

Музејот на Македонија промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите

Музејот на Македонија денеска промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите, прва ваква публикација посветена на вработените во музеите.

Автори на изданието се Емилија Георгиева и Сузана Марковска.

„Во музеите секојдневно, во сè поголем број, организирано доаѓаат и лица со попреченост. Водичот ќе им овозможи на вработените во музеите да стекнат основни сознанија за лицата со попреченост и нивните карактеристики, подобрување на пристапот до музејските поставки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица, како и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа“ соопштија оод Музејот на Македонија.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail