МВР склучи договор за соработка со Славјански Универзитет

slavjanski-mvr-1.jpg

Денес делегација од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, составена од ректорот, проф. д-р Душан Николовски, деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р Александар Илиевски и доц. д-р Иван Ефремовски беше во посета на МВР, каде беше потпишан договор за соработка.

Договорот за соработка помеѓу МВР и Факултетот за правни науки при МСУ беше потпишан од Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р Александар Илиевски.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top