mvr.jpg

Врз основа на член 71 и 72 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“бр.42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 120/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 и 21/2018), а во врска со Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.13/2015), Министерството за вантрешни работи објавува,
ЈАВЕН ОГЛАС

За прием на 39 извршители за работа (приправници – без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа и 8 изврштели со завршено средно образование (во областа), и тоа:

I.1.- 30 извршители со завршен Факултет од областа на безбедноста;
I. 2.- 4 извршители – со завршен Правен факултет;
I.3.- 3 извршители со завршен Економски факултет;
I.4 – 2 извршители со завршен Факултет за информатички технологии од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција;

II.1 – 8 извршители – со завршено средно електро-техничко училиште или друго средно образование во областа;.

1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија,
-да е полнолетен

-активно да го користи македонскиот јазик
-да е здравствено и психофизички способен
-со правосилна пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност
-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето

2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

-основно познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност)
– познавање на работа со компјутери

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail