FBcurency-e1560155394986.png

Познато е дека Фејсбук веќе некое време прави тестови со сопствена криптовалут. Желбата на компанијата да влезе во овој релативно нов сегмент од пазарот е доста интересна. Проектот е веќе во завршна фаза, бидејќи официјалното претставување на криптовалутата ќе биде на 18 јуни.

Името на валутата ќе биде Libra, а Фејсбук се надева дека ќе привлече голем интерес кај инвеститорите и ќе успее да ја поврзе криптовалутата со неколку реални валути.

Ова ќе обезбеди да нема драстични промени во вредноста на криптовалутата, како на пример што се случува со биткоинот. Претставувањето на Libra може да започне и нова ера во онлајн шопингот и вршењето на мобилните плаќања на социјалната мрежа.

Отстранувањето на надоместоците при вршењето на трансакции со кредитни картички исто така ќе биде во корист на употребата на криптотовалута. Фејсбук соопшти дека за нивните планови веќе преговара со голем број водечки брендови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail