samsung-preklop-e1550007446944.jpeg

Кон крајот на ноември, Самсунг го најави својот мобилен телефон на преклоп, а овие дена и официјално е потврдено дека на 20 февруари на јавноста ќе ѝ го претстават на настанот Unpacked во Сан Франциско.

На официјалниот Твитер профил на Самсунг објавено е видео со порака дека иднината на мобилната индустрија ќе биде разоткриена на 20 февруари 2019 година. Деталите за уредот во видеото не се претставени, а би требало да има два дисплеи.

Еден од нив би имал димензии од 4.58 инчи, додека другиот би требало да има големина од 7.3 инчи. Форматот на помалиот екран ќе изнесува 21:9 димензии од 1960×480 пиксели, додека поголемиот дисплеј ќе има формат 4:2:3 со димензии 2152×1536 пиксели

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail