На американско копно падна најголемиот метеор во последните 20 години, на небото блесна голема светлина и се слушнаа рафали

metor.jpeg

Во последните 20 години, ова е убедливно најголемиот метеор кој паднал на американското копно. Откако е утврдена локацијата на падот, тим на научници се обидува да ги собере сите делови од метеорот.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Жителите на Ошон Сорс, градот кој се наоѓа во американската држава Вашингтон, забележале во вечерните часови на 7 март, блескава светлина која блесна на небото, а потоа одекна голем рафал, толку силен што буквално автомобилите се треселе.

Многумина сметале дека станува збор за вселенски брод, но секако е јасно дека нешто дојде од вселената, што ги вознемири луѓето.

На основа на детална анализа од работата, научниците потврдиле дека светлината која се забележала на крајбрежјето на Британска Колумбија до северниот Орегон е предизвикана од метеор кој удрил во Земјата.

Научникот на НАСА, Марк Фрајс заклучи дека станува збор за метеор со големина на возило за голф, кој паднал и потонал во океан околу 25 километри од крајбрежјето на државата Вашингтон. Локацијата се наоѓа во близина на подводниот кањон кој е длабок 120 метри.

Подрачјето е релативно рамно, што го олеснува откривањето на темните црни метеори на морското дно.

Се проценува дека околу два тони фрагменти се распрскани по повеќе од пола километар морско дно, а деловите кои го преживеале падот можат да бидат големи како тули.

“Ова можеби е најголемиот забележан метеор во САД во последните 20 години”, вели Фрај, додавајќи дека доколку ги пронајдат преостанатите делови од метеорот ќе следува сеопфатно истражување.

Како што пренесуваат американските медиуми, научниците ќе употребуваат подморници за далечно управување за истражувањето на подрачјето и собирањето на преостанатите делови од метеорот.

Покрај НАСА, на проеетот ќе учествуваат и научници од Универзитетот во Вашингтон и агенцијата под американското Министерство за трговија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top