На Архитектонскиот факултет предавање за црните дупки

crni-dupka.gif

Астрономскиот центар „Орион“ организира предавања за црните дупки што ќе се одржат во три термини почнувајќи од денеска во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Подготвени се осум предавања, а курсот е замислен да биде од популарен карактер што значи дека за неговото следење не се потребни предзнаења.

Организаторот информира дека преку овој мини курс сите заинтересирани ќе се запознаат со најважните појави што ги карактеризираат овие фасцинантни космички објекти, начинот на нивното создавање, директните и индиректни набљудувања, нивниот надворешен изглед во разни средини и како овие „црни“, невидливи објекти ги предизвикуваат најсјајните појави во Универзумот кои се билиони пати посветли од ѕвездите на небото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail