На аукција повеќе од 25 автомобили

New-and-used-car-dealer-001.jpg

Повеќе од 25 автомобили од брендовите „Шевролет“, „Опел“, „Ленд ровер“ и други од „Авто куќа“ во стечај ќе се понудат на продажба на аукција закажана во април, годинава.

Проценетата вредност на автомобилите варира во зависност од годината на производство, а голем број од нив се продаваат без почетна цена.
Меѓу другите на продажба се нуди „Шевролет круз“ 1,6 16В ТНГ, година на производство 2011, сила на моторот 83 КВ, работна зафатнина на моторот 1598 цм3, маса на празно возило 1415 кг, боја на каросерија бела
Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кои најдоцна до 07.04.2017 година ќе уплатат 10% депозит од проценетата вредност на имотот кој е предмет на продажба.
Депозитот кој треба да се уплати изнесува 43.334,00 денари. Прагот на наддавањето изнесува 10.000 денари. Проценетата вредност на автомобилот е 433.343 денари.
На продажба се нуди и „Опел Сигниум“ 2.0 Турбо, година на производство 2006, сила на моторот 129 КВ, работна зафатнина на моторот 1998 цм3, боја на каросерија металик црна.
Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кои најдоцна до 07.04.2017 година ќе уплатат 10 % депозит од проценетата вредност на имотот кој е предмет на продажба.
Депозитот кој треба да се уплати изнесува 51.456,00 денари. Прагот на наддавањето изнесува 10.000 денари. Проценетата вредност е 514.560 денари.
На аукција се нуди и „Ленд ровер“, година на производство 2003, работна зафатнина на моторот 4396 цм3. Право на учество на електронската продажба ќе имаат учесниците кои најдоцна до 07.04.2017 година ќе уплатат 10 % депозит од проценетата вредност на имотот кој е предмет на продажба.
Депозитот кој треба да се уплати изнесува 27.152 денари.
Прагот на наддавањето изнесува 10.000 денари. Проценета вредност е 271.520 денари.
Повеќе детали за аукцијата ТУКА.
извор: емагазин
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail